(ВИДЕО) „Вреди“ со свој кандидат за градоначалник на Скопје, потврди Меџити
Вицепремиерот, министер за животна средина и просторно планирање и дел од Вреди, Изет Меџити денеска потврди дека ќе имаат кандидат за градоначалник за Град Скопје.
Меџити соопшти дека ќе имаат и кандидат за градоначалник на Чаир.
„За сите други општини при крај сме со анализите, разговорите, мислам дека наредните денови или наредната недела ќе ги објавиме сите имиња“, вели Меџити. Тие претходно одлучија во Струга да го поддржат независниот кандидат Менди Ќира.
24.07.2025 - 15:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа