Почина Хулк Хоган, легенда во спортот и шоу-бизнисот
Огромна тага го погоди светот на спортот, но и шоу-бизнисот. Хулк Хоган почина на 71-годишна возраст, во Флорида во својот дом.
Хоган е пронајден мртов во својот дом, а како што рекоа лекарите, станува збор за срцев удар.
Само пред неколку недели, неговата сопруга Скај ги негираше извештаите дека е во кома, а воедно рече дека неговото срце е „скршено“ додека се опоравувал од неодамнешна операција.
Беше легенда на американското борење (кечери) и глобална поп-икона.
Тери Болеа, како што беше неговото вистинско име, беше инспирација за многу генерации, а неговата смрт претставува крај на една ера за милиони фанови ширум светот кои растеа со „Хулкоманијата“ во 80-тите и 90-тите години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа