За седум минути експресно приведени двајца возачи среде ноќ
Ноќеска во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.
Исто така во 00.15 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Н.Т.(44) од с.Јанковец,ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило„хјундаи” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа