ПОДЕМ: Германија нема да не заборави - Меркел заинтересирана за решавање на спорот

Сериозната германска политика нема да го остави настрана прашањето на спорот околу името меѓу Македонија и Грција, особено откако Меркел, преку средбата со Нимиц, покажа дека решавањето на спорот на името е високо на германската агенда, рече денеска лидерот на Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ), Живко Јанкуловски.

- Ова за нас е недвосмислено позитивен сигнал кој треба да не охрабри да опстоиме во време, кога поддршката доаѓа од една голема политичка сила како Германија. И не само да опстоиме, туку и да ги удвоиме напорите за засилено придвижување на нашата интеграција во ЕУ и НАТО, истакна Јанкуловски.

Според него, сите партии во земјава треба да имаат обединет став за решавањето на спорот. Тој вели дека не треба да се јави разочараност по песимистичките прогнози кои грчките медиуми ги објавија за Македонија.

-  По средбата Меркел Самарас, грчките медиуми почнаа да пренесуваат дека сега меѓународните притисоци со цел да се реши спорот со името ќе бидат насочени повеќе кон Македонија, одошто кон грчката влада. Но, за нас е малку веројатно дека сериозните европски политики се менуваат преку ноќ. Тоа што „Катимерини“ излезе со песимистички прогнози за Македонија, за нас е само показател на страв поради разнишаните грчки позиции, зашто Грција знае дека тврдоглаво работи на неразумно одолговлекување на спорот кој не може да има друг епилог, освен оној кој го бара Македонија, а Европа го поддржува, вечи Јанкуловски.

23.11.2013 - 12:56
Фото: 
zurnal.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега