И кон Бугарија води истрагата за пејџерите кои експлодираа во Либан

 

Бугарија и Норвешка денеска се најдоа во средината на глобална потрага по добавувачот кој го снабди Хезболах со илјадниците пејџери, кои експлодираа во Либан во последните два дена, што нанесоа голем удар на милитантната група.

Безбедносни извори рекоа дека Израел е одговорен за експлозиите во вторникот, во кои загинаа 12 лица, беа ранети повеќе од 2.300 и ги зголемија тензиите во ескалацијата на конфликтот меѓу двете страни. Тел Авив не ги коментираше нападите.

Засега не е познато како и со чија помош е извршен нападот на пејџери, но засега можни траги се откриени во Тајван, Унгарија и Бугарија. Не е јасно како и кога пејџерите биле претворени во експлозив. Истото прашање сè уште важи за стотиците воки-токи на Хезболах кои беа разнесени во средата во вториот бран напади.

19.09.2024 - 21:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега