Велес: Го следеле и пукале во него па се забил во полициско Јети
47-годишниот К.В. од село Кочилари, според неговиот исказ, синоќа доживеал вистинска драма додека се движел кон Велес.
Околу 20:25 часот, пред својот дом, се соочил со непријатна ситуација – неговиот пат бил блокиран од паркирано ауди. Почувствувал дека нешто не е во ред, па решил да се повлече назад со своето возило. Но тогаш паркираниот автомобил тргнал по него.
Тој забрзано возел по локалниот пат кон Велес, а додека се обидувал да избега, слушнал неколку звуци што наликувале на истрели од огнено оружје. Додека бегал од возилото кое го бркало К.В. на улицата 8 Септември во Велес удрил директно во возило шкода јети, сопственост на МВР.
За среќа, во инцидентот нема повредени, но биле причинети материјални штети. Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на мотивите зад оваа мистериозна ноќна потера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа