Дизелот и бенизните од полноќ по најниски цени оваа година
Бензинте поевтинуваат за половина одоносно 1 денар а дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 2 денари.
Ваква одлука утрово донесе Регулаторната комисија за енергетика. Според неа, 95 октанскиот бензин поевтинува за половина денар и литар сега ќе се точи по 74,5 денари.
98 октанскиот супер од полноќ ќе биде поевтин за 1 денар и литар гориво ќе чини 76,5 денари. Дизелот поевтинува за 2 денари и од полноќ ќе се продава за 70 денари по литар. Ова е најниска цена на дизелот оваа година откако по 70 денари се продаваше и на крајот на декември.
Бензинот пак во моментов е најевтин во последните речи си 6 месеци, откако по оваа цена се продаваше кон средината на септември минатата година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа