Русија треба да ја нападне Украина со балистичка ракета, вели рускиот генерал

 


Русија треба да ја нападне Украина со балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, изјави генерал-полковник Андреј Картаполов, шеф на Одборот за одбрана на руската државна Дума.

„Одлуката е на врховниот командант (рускиот претседател Владимир Путин), но мислам дека не би било неразумно да се лансира ‘Орешник’, дури и повеќе од еден“, рече Картаполов, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Русија веќе еднаш лансира ракета „Орешник“ против Украина погодувајќи го Днепар во ноември 2024 година откога Киев ги искористи ракетите ATACMS испорачани од САД за да погоди воена цел на руска територија.

Путин ја опиша употребата на „Орешник“ како одговор на украинската употреба на западно оружје со долг дострел за напади во Русија. Додека Путин ги објави плановите за масовно производство на „Орешник“, американски официјален претставник за „Киев индипендент“ изјави дека Русија, веројатно, поседува само мал број од овие експериментални ракети.

По нападот во ноември, „Москва тајмс“ објави дека Кремљ организирал медиумска кампања во врска со тоа цитирајќи руски официјални лица, кои рекле дека кампањата била дизајнирана да го заплаши Западот и да ги одврати дополнителните испораки на оружје за Украина.

11.03.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега