Работник од Скопје паднал од скеле на височина од осум метри

 

Работник од Скопје се здобил со сериозни повреди откако денеска додека работел на објект, паднал од скеле на висина од осум метри.

Како што пренесува Нова Македонија,се работи за 41-годишниот Тони П. кој паднал од скеле додека работел на изградба на новата автобуска станица во Прилеп.

- Беше во тешка здравствена состојба. Имаше повреди на карлицата, рбетниот столб, на ногата. Транспортиран е во Ургентниот  центар во Скопје - вели Гоце Јонзоски, раководител на итната помош, за Нова Македонија.

Истрагата ќе покаже како дошло до несреќата.

22.11.2013 - 15:09
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега