Пожар беснее во Аеродром - Го гаснат десет пожарникари
Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.
Пожарот е ставен под контрола, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари.
10.02.2025 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа