Фрижидер усмрти крадец во Србија
Шеесет годишен маж загина при обид за грабеж на локална продавница во српскиот град Трстеник кога врз него паднал фрижидерот од кој земал пиво.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Трстеник го уапсија С. П. (49) од ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела загрозување и тешка кражба во обид.
„Тој е осомничен дека не му пружил помош на Г.Т.(60), кој бил удрен од фрижидер пред локална продавница во која претходно се обиделе заедно да упаднат. Од здобиените повреди починал Г.Т.“, се вели во соопштението на Полициската управа во Крушевац.
С. П. по наредба на јавен обвинител во Трстеник му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител.
Снимката од несреќата набрзо беше објавена на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа