Битиќи за Зеќири: Ако згрешил, ќе одговара
„Јас верувам во владеење на правото и тоа не може да биде половично“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан во врска со притворот за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството.
– Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека ова така треба да биде независно без разлика кој каде седи. Ако згрешил, ќе одговара. Чувството не е добро, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, кажа вицепремиерот за економски прашања Битиќи во своето гостување во „Утрински брифинг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа