Роналдо прави музеј за себе

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо во своето родно место Фуншал на островот Мадера  ќе гради свој музеј.

Како што пишуваат  во пиринејските медиуми, иницијативата за изградбата на музејот е на самкиот Роналдо и на неговата мајка Долорес Сантош.

Токму тие и ќе го финансираат проектот со желба неговите многубројни трофеи, меѓу кои и Златната топка, во иднина во Португалија да привлекуваат туристи од целиот свет.

Според информаиците во медиумите, музејот би требало да биде завршен до почетокот на следната година.

20.11.2013 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега