Металург, Тетекс и Брегалница - полуфиналисти во Купот на Македонија

Металург, Тетекс и Брегалница се првите кои обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Тие во реванш четвртфиналните мечеви остварија резултати со кои ги елиминираа своите противници. Металург ја совлада Дрита со 10:1, додека второлигашот Тетекс во Кичево беше поуспешен од Напредок. 

Тетовчани и покрај тоа што немаа предност од првиот меч на домашен терен, сепак на гости успеаа да триумифираат и да останат во битка за трофејот. 

Брегалница со нерешениот исход во Тетово е вкупен победник против фаворизираната Шкендија, поради победата на својот терен во Штип.

Резултати на денешните натпревари од куп-натпреварувањето:

Шкендија - Брегалница 1:1 (1:2 прв натпревар), 
Металург - Дрита 7:1 (3:0), 
Напредок - Тетекс 1:2 (0:0).

Четвртфиналниот круг од националниот куп ќе биде комплетиран на 4 декември по одигрувањето на реваншот меѓу Работнички и Пелистер. На првиот дуел одигран во Битола победи Пелистер со 1:0. 

20.11.2013 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега