Норвежаните пресилни за Македонците

Нашата надежна фудбалска репрезентација до 21 година, вчера претрпе пораз од Норвешка со 1:3 во рамки на квалификациите од Европското првенство во 2015 година. Стрелец на мечот кој се одржа на арената „Филип Втори“ за македонската селекција беше Дарко Велковски во 44 минута, додека Улвестад, во 47 минута, Давон Бериша во 54 и Навард Нилсен во 73 минута ја затресоа мрежата на домашниот голман. 

20.11.2013 - 11:35
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега