Николче Димоски: Не се очекува дека утрешниот извештај за инфлација во Америка ќе го погоди пазарот

Експертите на FXLider секоја недела за Вас ги анализираат најзначајните случувања кои можат да имаат најголемо влијание на светскиот финансиски пазар.

 

Press24: Утре ќе биде објавен извештајот за инфлација во Америка. Можете да ни објасните за каков извештај станува збор?

Димоски: Во среда ќе биде објавен извештајот за инфлацијата во Америка. Висината на инфлацијата или индексот на раст на малопродажните цени се објавува месечно и ја мери просечната промена на цената на корпата на потрошувачките добра и услуги како што се транспортот, храната и медицинската нега. Многу е важно да се разбере односот на инфлацијата и каматните стапки за да се сфати како инфлацијата влијае на финансискиот пазар. Високата инфлација влијае на растот на каматната стапка, а високите каматни стапки ги прават кредитите поскапи. Кога ќе паднат каматните стапки, потрошувачката помеѓу жителите расте и со тоа се потикнува економскиот раст. Инфлацијата е еден од најзначајните економски индикатори, а голем број други индикатори ги креираат своите вредности на нејзина база.

Press24:  Зошто е важен овој извештај

Димоски: Важноста на овој извештај се огледува во тоа што Федералните резерви, кои управуваат со монетарната политика на САД, поставиле јасна цел дека ќе ги држат ниско каматните стапки, со финансиски поттик на стопанството се додека стапката на инфлација е под 2,5%. Инфлацијата на некој начин во тој случај е клучна за понатамошните одлуки во врска со каматната стапка. Со сменување на каматните стапки  централните банки пробуваат да постигнат максимална вработеност, стабилни цени и раст, но со тоа влијаат и на инфлацијата и да не дојдат во ситуација смалената каматна стапка да доведе до обезвреднување на парите, мораат внимателно да ја следат и со неа да ги ускладуваат каматните стапки.

Press24: Како реагираше пазарот на претходното објавување на овој извештај?

Димоски: Претходниот извештај објавен е на 30. октомври. Откако е објавено дека инфлацијата остварила помал пораст од прогнозираниот, долар индексот во следните два дена пораснал 1,88%, што генерално значи дека доларот заради ниската инфлација зајакнал према останатите валути.

Press24: Што се очекува дека ќе се случи со пазарот после објавувањето на извештајот?

Димоски: Овој пат не се очекува промена. Меѓутоа ако не се остварат прогнозите и извештајот за инфлацијата изненади со пораст или пад, можно е дека долар индексот повторно ќе реагира. Долар индексот претставува вредност на доларот во однос на корпата на најјаки светски валути и со самото тоа има директно влијание на вредностите EUR/USD, GBP/USD, USD/JPY, USD/CHF, AUD/USD, USD/CAD и посредно влијание на цените на златото и нафтата.

 

Николче Димоски, сениор експерт FXLider

18.11.2013 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа