Дали Скопје ќе се украсува за Нова година и дали ќе има програма?

На две недели пред стартот на Новата година градот се уште не е украсен за да се почувствува новогодишна атмосфера, објавува Сител. На почеток на месецов градоначалничката Арсовска најави дека украсувањето ќе почне на 10ти декември, а  на прашање на Сител зошто такво нешто се уште не се случило, од нејзиниот кабинет кратко одговараат дека рокот трае до денеска.

Украсувањето согласно најавите и меморандумот се реализира во текот на денешниот ден согласно рокот 10- 15 декември, истото нема да има никакви импликации врз буџетот на Град Скопје. Ќе биде украсен плоштадот Македонија, централното градско подрајче, улица Димитрија Чуповски и булевар Илинден, велат од град Скопје.

Но новогодишна елка се уште нема.

Од градот не откриваат зошто општествено одговорните компании кои треба бесплатно да го разубават градот до сега не почнаа да го реализираат ветеното, ниту дали воошто ќе има програма и пречек за најлудата ноќ.

15.12.2021 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега