Спектакл во Борис Трајковски - Вардар и Металург вечерва ќе ги одмерат силите

Вечерва најдобрите македонски ракометни клубови Вардар и Металург ќе ги измерат силите во салата Борис Трајковски во рамките од 5-то коло во Лигата на Шампиони. Мечот ќе започне во 20 часот а домаќин во овој натпревар условно кажано ќе биде тимот на Металург. Лино Червар ќе мора да покаже што знае и умее но без некои од најдобрите негови играчи како Филип Миркуловски кој е повреден и Никола Маркоски кои мечот ќе го пропушти поради сипаници. Недоволно опоравени за овој меч се и Павел Атман, Ацо Јоновски и Велко Маркоски. Засега не се знае колку време ќе им дозволи Червар да бидат на паркетот. 

Двата најуспешни македонски ракометни тима во моментов Вардар и Металург вечерва во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го играат првиот натпревар во Лигата на шампионите. Ова е потврда на резултатите на двата колектива во последниот период.

Во Металург ќе имаат и едно ново име – Милан Чоровиќ.

Вардар, кој само формално е гостин, има мали проблеми околу изборот на играчи и неизвесен е само настапот на голманот Петар Ангелов, кој пред почетокот на Лигата на шампионите од Металург дојде во Вардар.

На чело на табелата во групата е барселона со 7 бодови, Металург има 6, Вардар 4, Динамо Минск 4, ПСЖ 3, Вакер Тун 0.

Натпреварот ќе го судат данските судии: Мартин Гјединг и Мадс Хансен.

Денеска се играат уште два натпревара од групите од Лигата на шампионите. Од Ц групата (истата во која играат Металург и Вардар) во Минск кај Динамо гостува Барселона, додека во рамките на А групата се игра дуелот меѓу Рајн Некар Ловен и Загреб КО, каде функцијата делегат ја има Драган Начевски од Македонија.

14.11.2013 - 11:03
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега