Ѓоковиќ: Морам што побрзо да се оженам со Јелена! (ВИДЕО)

По завршувањето на  финалето во Лондон, водителот на програмата и Новак Ѓоковиќ свртеа еден круг околу арената и зборуваа со вклучена камера. Водителот му рекол на Ноле дека иако се верил оваа година тој забележал дека од тогаш тој нема еден пораз. Инаку да потсетиме Ноле ја запроси својата долгогодишна девојка по поразот на УС Опен.

Ноле на ова изјави: "Мислам дека тоа е логичен чекор напред во нашата врска, таа е мојата најголема поддршка, покрај семејството, во последните осум години и одлучив да го направам тој природен следен чекор... За мене беше важен настан, кога ја запросив. Тоа се случи после УС Опен, а од тогаш немам изгубено натпревар."

Со насмевка на лицето Ноле  додаде.

"Изгледа ќе морам да ја оженам многу брзо за да продолжи овој тренд на победување".

12.11.2013 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега