Червар: Вардар е наш противник, но не и непријател

Тренерот на Металург Лино Червар на денешната прес-конференција упати пофални зборови за најголемиот ривал во македонскиот ракомет, тимот на Вардар.

- Градот Скопје во четврток ќе биде ракометен центар на Европа. Тука ќе се одигра вистинско дерби во Лигата на шампионите. Атмосферата се подига на ниво, но некои сакаат да создадат тензија како да се работи за непријателска пресметка. Ние од Металург, како домаќини на овој дуел, Вардар го очекуваме како голем спортски ривал, а не како непријател, изјави хрватскиот стручњак и додаде дека ја почитува целта на Вардар да создаде мега-клуб.

Червар упати признание и на противничките навивачи за кои рече дека знаат да направат одлична атмосфер.

- Верувам дека со поддршката на нашите навивачи кои иако се помалубројни од вардаровите, тие се лојални на клубот и нивното срце чука за нашиот клуб, може да се дојде до позитивен резултат. Играчите сите недостатоци ќе мора да ги надополнат со голема борба, уште поголема тактичка дисциплина, со пожртвуваност за секоја топка, рече Червар.

Натпреварот Металург - Вардар ќе се одигра в четврток со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

12.11.2013 - 13:42
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега