Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Лондон откако синоќа во финалето во „О2 Арената“ го победи Рафаел Надал. 
 
Мечот во два сета за 96 минути со 2-0 го доби Новак Ѓоковиќ што за него беше 22.ра победа во серија и воедно успеа да ја одбрани титулата освоена лани на истиот турнир. 

 За Ѓоковиќ ова е трета победа на завршниот Мастерс турнир во своето трето финале, додека Надал и во вториот финален меч остана без трофеј. Србинот претходно победи и во 2008 и 2012 година.
 
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3 во гемови и притоа имаше два брејка, а Надал еден. Во вториот сет беше 6:4 за Ѓоковиќ, кој направи еден брејк и ја искористи третата меч топка.
 
Во меѓусебните дуели скоро сега е 22:17 за Надал, а во 2013 година 5:4 за Шпанецот.
 
За српскиот тенисер  ова беше 41.ва титула или седма во 2013 година.
 
И покрај поразот во финалето Надал 2013 година ќе ја заврши како број1, а Ѓоковиќ е број 2 на светската АТП ранг листа.
 
Во игра на двојки победија Шпанците Фернандо Вердаско и Давид Мареро, кои беа подобри од Американците браќата Боб и Мајк Брајан

12.11.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега