Барселона остана без Меси

Фудбалерот Меси ќе прави пауза од од шест до осум недели, ова го потврдија денеска од Барселона.

Резултатите од прегледите  покажаа дека Меси го истегнал мускулот на бутот од левата нога. Заздравувањето ќе му трае од еден до два месеца, па така првиот дел од рехабилитацијата ќе му биде во Барселона, а вториот во Буенос Аирес.

Меси се повреди на натпревар против Бетис во шпанското првенство, кој излезе од натпреварот по 22 минути игра.

11.11.2013 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега