Роналдо: Златната топка не зависи од мене

фудбалерот од  редовите на шпанскиот вицешампион постигна хет-трик во големиот триумф од 5:1 против Реал Сосиедад, меѓутоа одби да зборува за признанието од ФИФА.

„Не сакам да говорам за Златната топка. Јас својата способност ја демонстрирам на терен. Сепак, наградата не зависи од мене“, изјави Роналдо.

Роналдо  е еден од кандидатите за освојувањето на Златната топка, наградата на ФИФА и на магазинот „Франс фудбол“, која последниве четири години ја освојува неговиот ривал од Барселона Лионел Меси.

11.11.2013 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега