ФОТО: Доказ дека се уште постојат добри луѓе на светот

65- годишниот Оскар Исаак Теил не ни претпоставувал дека ќе стане популарен  поради  оваа случка. Овој  евреин патувал со подземна железничка во Бруклин, кога еден непознат Афроамериканец заспал на неговото рамо и така останал повеќе од половина час.

 Еден случаен патник го зачудила оваа глетка, па го прашалевреинот  дали сака да му помогне да се ослободи од непознатиот човек, на што Оскар му возвратил:

„Имал напорен ден, оставете го да спие. Сите некогаш сме се нашле во неговата ситуација.“

Некој од патниците воодушевен од ваквиот гест го фотографирал моментото и веднаш стана хит на социјалните мрежи. Оваа фотографија ги сруши предрасудите и ги воодушеви луѓето.

08.11.2013 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа