Викенд прогноза: Не очекува прекрасно време

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 0°С до 8°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4All

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 21°С.

Во сабота по студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -1°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Слан јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°С до 9°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°С односно до 23°С.  

07.11.2013 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега