Иванов се сретна со албанскиот премиер Рама

Шефот на државата, Ѓорге Иванов денеска оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама кој од вчера престојува во официјална посета на Македонија.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за билатералните односи меѓу Македонија и Албанија, и констатирале дека политичките односи бележат позитивен тренд на развој. Рама и Иванов заклучиле дека и во иднинаи државите треба да се фокусираат на можностите за унапредување и продлабочување на економската соработка.

- Политичките односи меѓу нашите земји достигнаа ниво кое ни овозможува целосно да се фокусираме на она што е најзначајно за благосостојбата на нашите граѓани, тоа е економијата, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, туризмот итн. Тоа се областите каде треба да ја насочиме целокупната наша енергија, истакнал претседателот Иванов и ја поздравил соработката меѓу двете Влади.

Албанскиот премиер Рама ја реафирмирал заложбата на Република Албанија за полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата. 

За време на средбата, соговорниците изразиле надеж дека соработката и понатаму ќе се интензивира.

 

06.11.2013 - 14:43
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега