ВИДЕО: Овој човек може да издржи 22 минути под вода

Запознајте го човекот - риба. 40- годишниот Стиг Северинс во 2010 година скокнал во базен полн со ајкули и го задржал воздухот во себе цели 20 минути и 10 секунди, кој го соборил Гинесовиот рекорд за најмногу чување воздух во себе. По две години подоцна бестрашниот Стинг повторно го поторил истото. Тој успеал да си го собори сопствениот рекор така што го држел воздухот цели 22 минути. 

Пред да го постави светскиот рекорд, 72 метри препливал во водите на Северното море со температура под нулата. Тој нуркал  во смрзната вода.

Стинг за него кажува дека главната вештина му е тоа што може да се „одвои“ од своето тело и да се бори со болката.

- Не сум поразличен од другите луѓе само имам способност да го„затворам“ сензорот кој регистрира болка, рекол Стинг и додал дека воопшто не е плачко.

 

 

 

 

06.11.2013 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега