САД упатија честитки за изборите во Косово

Во Косово пристигнаа честитки од САД за „историските избори“, кои се оджаа во неделата, оценувајќи дека и покрај инцидентите  северно Косово го оствари своето право да избере легитимни претставници, стои во соопштението на Стејт департментот.

- Им честитаме на посветеноста на владите на Косово и на Србија кои ги храбреа граѓаните да излезат на избори и народот демократски да ги избере своите лидери. Успешното спроведување избори е важен вид имплементација на договорот што се води под покровителство на ЕУ, поради нормализација на односите меѓу Косово и Србија, се истакнува во соопштението.

Стејт департментот апелираше до сите страни следната фаза од изборниот процес да се одржи на мирен, слободен и фер начин.

САД ги осудија нападите во северниот дел на Косовска Митровица. - Не може да се дозволи насилството на неколкумина да фрли сенка врз големиот напредок што претставуваат овие избори, потенцира Стејт департментот.

06.11.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега