Авионска несреќа во Боливија - осум лица загинаа, а шест се повредени

 

Се случила авионска несреќа во северниот дел на Боливија осум лица го загубија животот, а шестмина се повредени. 

Двомоторниот авион, сопственост на авиокомпанијата „Аерокон“, се урнал додека се обидувал да се приземји во близина на селото Рибералта при лоши временски услови.

Во авионот се наоѓале 16 патници и двајца пилоти. Пилотите се во најтешка здравствена состојба меѓу повредените. Меѓу загинатите има мажи, жени, а веројатно и деца.

Боливискиот претседател Ево Моралес нареди детална истрага за инцидентот и сурови санкции за авиокомпанијата, на која ова и е четврта несреќа од 2012 година па досега. 

04.11.2013 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега