Сноуден: Користа која ја има општеството од моите сознанија сега е јасна!

 

Американскиот разузнувач Едвард Сноуден изјави декамногубројните повици покажуваат дека тој правилно постапил кога ги обелоденил методите и целите на американските тајни служби.

Тој во текст за германскиот „Шпигел“ насловен како „Манифест за вистината“ напишал дека масовното шпионирање претставува глобален проблем, кој бара глобални решенија, истакнувајќи дека „криминалните шпионски програми“ на тајните служби ја загрозуваат приватноста на поединците, слободата на мислење и отвореното општество.

„Користа која ја има општеството од новите сознанија сега е јасна, бидејќи се предлагаат реформи на политиката, надзорот и законот“, вели тој.

 

Многумина го сметаат Сноуден за борец за човекови права,а други го сметаат за предавник бидејќи украл информации од НСА.

03.11.2013 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега