Му го скршиле носот додека берел пченка - тепачка меѓу две семејства на нива во Виница

Во атарот на селото Истибања во Виница, додека 50-годишниот М.С. и неговите синови Д.С. и К.С. береле пченка на нива, настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу таткото и непознато лице, при што насилникот се оддалечил од местото на настанот, а по еден час се вратил со својата сопруга и двата сина.

Потоа, целото семејство заедно го нападнало М.С. со тупаници и дрвени летви со штотој се здобил со скршена носна коска и скршен прст на левата рака. Исто така, едниот од неговите синови се здобил со расекотини по телото, по што веднаш биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани.

 

03.11.2013 - 14:03
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега