Избувна пожар во театар во Москва

 

На покривот на тетарската зграда „Школа за современа пиеса“ во Москва избувна пожар и евакуирани се повеќе од 350 луѓе.

Најверојатно огнот зафатил околу 500 метри квадратни од двокатната зграда.

Пожарот ја зафатил дрвената конструкција меѓу вториот кат и таванските простории, а дел од театарот се урнал.

 

Засега нема информации за жртви.

03.11.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега