Први поени на Перо Антиќ во НБА лигата

Кошаркарот Перо Антиќ успеа да ги постигне првите поени за Атланата во НБА лигата. На синоќешниот натпревар од четири обиди, Македонецот успеа да погоди една тројка.

Антиќ запиша и еден дефанзивен скок, имаше и една асистенција и две загубени топки во нецели 12 минути поминати на теренот.
 
Натпреварот се одигра во „Филипс Арена“ во Атланта а конечниот резултат е 102:95 за домаќините. По четвртини: 25:24; 24:15; 30:29 и 23:27.

Следниот натпревар Антиќ ќе го има во недела кон понеделник против Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен. 

02.11.2013 - 11:13

најчитано сега