„Секое утро станувам во 04:30 часот да му подготвам појадок на сопругот“ - мајка на 4 еца предизвика лавина реакции на социјалните мрежи
Брук Смит, мајка на четири деца од Бризбејн, покрај што се грижи за децата и домот, секое утро станува во пет и пол наутро за да му приготви појадок на сопругот.
„Не си легнувам додека не им приготвам на сите оброк за утредента, додека не им приготвам облека и додека куќата не е чиста и садовите измиени“, напишала таа во една Фејсбук група за домаќински работи.
„Некогаш си легнувам во девет навечер, а некогаш на полноќ, но секогаш станувам во исто време – пет и пол часот, за да му приготвам појадок на сопругот и да му сварам кафе, а потоа си ја пијам својата шолја кафе, си ја мијам косата во мир и тишина, вежбам, медитирам и се подготвувам за денот“, напишала таа и додала:
„Среќна мама значи и среќно семејство. Правете го ова дури и кога се чувствувате мрзеливо, ќе бидете позадоволни во текот на денот.“
По оваа објава, почнале да се нижат коментари.
„Мајка ми го правеше ова за татко ми, но тој е роден во 1929 година, а таа во 1931. Сега е 2020. Мојот сопруг сам си ја пере облеката, децата сами си прават појадок“, гласел еден од коментарите.
Но Брук имала подготвен одговор:
„Секогаш постојат позитивни и негативни коментари, а многу жени мислат дека живеам како во 1950-те и дека не би требало да правам вакви работи за сопругот. Сметам дека ако некој работи на сонце цел ден, најмалку што можам да направам за него е да зготвам и да исчистам. Мислам дека сме посреќно семејство токму поради тие традиционални работи што ги негуваме“, напишала Брук.
Што мислите вие за ова?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа