Малолетник приведен по масовна тепачка на депонија
На 10.11.2024 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
11.11.2024 - 23:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа