Екс хрватски новинар најави кандидатура на претседателските избори
Поранешниот новинар на „Вечерњи лист“ и поранешен претседател на Хрватскиот новинарски синдикат, Антон Филиќ, најави дека ќе се кандидира за претседател на Републиката, тврдејќи дека Хрватска со децении пропаѓа и дека и требаат нови луѓе и целосен пресврт, што, во негово мислење, ниту еден од постојните кандидати не нуди, пренесува Хина.
„Конечно да го фрлиме јаремот на корумпираната ХДЗ и нејзината сестринска партија СДП. И двајцата покажаа дека немаат решение за корупцијата, туку дека самите се до врат во неа. Покажаа што знаат и умеат, време е да се обидат со нови луѓе…“, вели Филиќ во објавата.
Филиќ за актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека сакал да се прикаже себеси „како хрватски патриот и социјалдемократ“, но дека тоа не е така бидејќи тој ја нарекол Хрватска „случајна земја“ и ги донел најлошите закони за Хрватските работници кога беше премиер.
Останатите досега пријавени кандидати не влеваат доверба во тоа дека би можеле да донесат значителни промени, смета Филиќ, нагласувајќи дека „повеќето од нив на овој или оној начин се дел од постојниот естаблишмент“.
Филиќ тврди дека Хрватска освен демографски пропаѓа и економски и зависи од тенка нишка грантови од европските фондови и туризмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа