Зеленски загрижен: Ни дојдоа 50.000 руски војници

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија се бори против 50.000 непријателски војници во руската област Курск, објави Киев Индипендент.
Неговата изјава доаѓа еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека Москва подготвува офанзива во регионот Курск со сили од 50.000 војници, и руски и севернокорејски.

Киевскиот весник наведува дека Русија распоредила илјадници севернокорејски војници во оваа воена зона, а некои од нив веќе дошле во помал судир со Украина и дека според некои извештаи, околу 11.000 севернокорејски војници се стационирани во регионот Курск од 4 ноември

 

11.11.2024 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега