Две контролки против Црна Гора за ракометарите пред ЕП

Македонските ракометари денеска започнаа со тренинзите за престојното ЕП во Данска, а селекторот Ивица Обрван најави и два подготвителни мечеви против Црна Гора во рамки на „неделата на ЕХФ“. 

Контролните мечеви ќе ги одиграат во петок и сабота, во Струмица. За овие натпревари, Обрван нема да може да смета на услугите на Ванчо Димовски и Велко Марковски кои поради повреди го откажаа учеството. Повикан е Петар Ангелов, а во текот на подготовктие ќе се решава неговиот статус.  Доколку Ангелов не може да одговори на обврските ќе биде повикан Златко Даскаловски.

Димовски ќе биде сменет со Жарко Пешевски од Металург. 

- Овие подготовки ќе бидат добредојдени и за играчите, малку „да одморат“ од клупските обврски, а ние да пробаме да поработиме на некои нови варјанти. Проблем ќе ни е отсуството на Велко Маркоски, еден од клучните играчи во одбраната, истакна Обрван.

На првиот собир не беа присутни репрезентативците од Вардар, кои вчера играа натпревар од СЕХА лигата, а се очекува доаѓањето на интернационалецот Влатко Темелков. 

28.10.2013 - 14:30