Коњановски: На 15 ноември последен повик за давање под закуп државно земјоделско земјиште

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска информираше дека  последниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште ќе биде објавен на 15 ноември.

- Станува збор за 1.650 земјоделски стопанства на кои со оваа мерка им излеговме во пресрет да си го решат долгогодишниот проблем кој го имаа со земјоделското земјиште кое го обработуваа, а за кое немаа договор за закуп. Согласно сите информации од терен, Министерството на 15 ноември ќе го објави последниот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на таквото земјоделско земјиште во државна сопственост, истакна Коњановски денеска во Битола.

 Коњановски денеска апелираше до земјоделски стопанства кои се уште го немаат решено проблемот се земјоделското земјиште навремено да обезбедат геодетски елаборат и да поднесат понуди за закуп. - Овој повик ќе биде последен и во иднина нема да се распишуваат исти или слични постапки, поради што ги повикуваме земјоделците да ја искористат оваа последна можност за регулирање на правото на користење на земјоделското земјиште во државна сопственост, истакна Коњановски.

 

24.10.2013 - 13:43
Фото: 
Утрински

најчитано сега