Македонија на прво место во регионот по бројот на новодијагностицирани со Ковид 19

Со 101 случај вчера Македонија останува лидер во регионот по бројот на ново дијагностицирани позитивни на Ковид 19, анализира „Сител“.

Најблиску до нас е соседна Србија која има 69 случаи но и значително повеќе население.

Од соседите Бугарија има 22 нови позитивни а Албанија 20. Во Босна и Херцеговина вчера се дијагностицирани 16 случаи а во Словенија само 2. Хрватска, Грција и Црна Гора вчера немаат нови случаи.

Лошо или попрецизно кажано најлошо во цела источна Европа стоиме и според бројот на смртни случаи. Со 70 починати на 1 милион жители го држиме првото место.

Најблиску ни е Романија каде на милион жители починале 67 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега