Ангеловска: Се надевам нема да дозволат да гледаат близок како се мачи со вирусот за да го променат однесувањето

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на фејсбук порача дека мора да се почитуваат мерките на Владата за заштита од корона вирусот и посочи дека вирусот е реалност и дека никој не е имун на оваа нова опасна зараза.

„Ова не е прашање на “верба”, ова не е прашање што некој треба да го постави! Корона вирусот е реалност. Како што се реалност сите починати. Ако не ги познаваме тоа не значи дека е нешто далечно и дека ние сме имуни. НИКОЈ не е имун на вирусот. Вирусот на препознава раса, пол, возраст, етничка припадност.

Сите оние кои ги почитуваа препораките и кои се совесни и само-свесни со право се чувствуваат “казнети” заради они кои не почитувале. Но, општеството го градиме заедно и сите сме дел од сложувалката. Од секој еден зависи. Здравјето е колективна одговорност.

Се надевам дека свеста ќе се разбуди кај сите кои го третираат вирусот како прашање. Се надевам дека нема да дозволат да гледаат близок како се мачи и бори со вирусот за да го променат однесувањето“, пишува во статусот на Ангеловска.

посочи дека вирусот е реалност и дека никој не е имун на оваа нова опасна зараза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега