САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита за Духовденската задушница

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни, да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции.

– Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

Од Синодот истакнуваат дека Христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ, и во оваа прилика, да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега