Седумгодишно дете во Кавадарци паднало од прозорецот од вториот кат, потпирајќи се на комарникот

Седумгодишното детенце од Кавадарци кое падна од вториот кат на својата семејна куќа, се чувствува добро, дознава Фактор од неофицијални извори.

Според порталот, детенцето е се уште хоспитализирано на Одделението за неврохирургија на Клиниката за детски болести во Скопје. 

Детето имало потрес на мозокот и сега се чувствува добро, но дека лекарите препорачуваат да се следи состојбата, па од тие причини ќе треба и денешниов ден да го помине во болница. Во болницата во Скопје се и неговите родители, кои заедно со лекарскиот тим, ја следат неговата состојба.

Инаку, Фактор дознава дека седумгодишното детенце всушност не паднало од тераса, туку од прозорецот од вториот кат на неговата семејна куќа во Кавадарци.

До несреќата дошло откако момченцето се потпрело на мрежата, односно на комарникот кој бил поставен на прозорецот, не знаејќи дека тоа може да биде опасно, по што тој се отворил и детето паднало на бетонска плоча, но на нивото од првиот кат на куќата. Или, прецизно, висината од која паднало момчето била 2,3 метри. Според познавачите, оваа не е опасна висина, но проблемот е што падот бил на бетонска плоча. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега