Кој сѐ останува ослободен од работа?

 

Владата го усвои заклучокот за тоа кои лица и натаму ќе останат ослободени од работа.

 

-Хронично болните лица и родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност, одлучи вчера Владата.

 

Ваквата одлука, според соопштението, важи доколку е остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега