Комисијата за заразни болести предлага построго спроведување на заштитните мерки

Неофицијално, ТВ21 дознава дека во последните 24 часа бројот на заболени од коронавирус е над 50.

Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, за ТВ21 изјавил дека Комисијата за заразни болести на состанокот што се одржа утринава, му предложила на Централниот кризен штаб построго да ги спроведува препораките за заштита, во спротивно мерките може да бидат обновени.

Оваа информација за ТВ21 ја потврди и дополнителниот заменик министер во МВР, Славјана Петровска. Таа посочи дека Комисијата предложила МВР и инспекторатите да бидат поприсутни на терен и поригорозни во спроведувањето заштитни мерки, заштитни маски, да не се дозволат големи групи на луѓе и да се почитуваат протоколите во кафулиња и ресторани.

Петровска не потврдува дека на состанокот било предложено враќање на полицискиот час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега