МВР за орото во Чаир: Доколку биде утврдено прекршување на законот ќе се постапи

Откако вчера на социјалните мрежи се споделуваше видео, на кое се гледа како за време на полициски час, жители на скопски Чаир играат оро, од МВР за „Фокус“ велат дека се преземаат мерки за сите што не ги почитуваат одлуките на Владата.

- Министерството за внатрешни работи презема мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат одлуките на Владата. До овој момент за конкретниот настан нема пристигнато пријава. Доколку од страна на Секторот за внатрешни работи се утврди дека во конкретната снимка има елементи за прекршување на законот, кон конкретните лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега