Д-р Николиќ: Трансплантацијата не би се случилa без силната заложба на Министерството за здравство, ова е историски ден

На вчерашната прес-конференција одржана по повод првата трансплантација на срце во нашата земја на Клиниката за Државна Кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ од „Аџбадем Систина“ потенцираше дека ова е еден од најзначајните чекори во медицината и треба да бидеме свесни дека е историски ден.

„Ништо од ова не би се случило без силната заложба на Министерството за здравство. Благодарејќи на сето ова, влеговме во едно ново поле во медицината. Се надевам дека отсега ќе имаме уште многу убави случувања и дека македонското здравство ќе оди на прав пат, напред“, рече проф. д-р Николиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега