Полицијата за еден ден откри 113 граѓани кои не носеле маски

 

За последните 24 часа во земјата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Вкупно 46 лица не го почитувале полицискиот час изминатото деноноќие. Полицијата од нив  приведе 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

 

Полицијата открила и 113 лица кои не носле маски.

 

– За последните 24 часа во земјата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација – информира МВР.

 

Од страна на полицијата се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерките.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега