Манчевски: За полицискиот час викендов ќе се одлучува утре - преголем е ризикот ако изборите ги оставиме на есен

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во денешното гостување во отвореното студио на 24 Анализа откри дека утре ќе се знае за одлуката за карантинскиот час за викендот кога ќе има владина седница.

-Се вршат консултации и воглавном се почитуваат препораките на владата. Треба да се сфати дека ќе треба да одиме на рестриктивните мерки, но тоа значи почитување на другите мерки кои не се рестриктивни, а граѓаните не ги почитуваат. Носење на маски и дистанца и граѓаните треба да разберат за да се вратиме во нормала, треба да се почитуваат мерките, рече Манчевски

Вели дека непочитувањето на мерките доведува до зголем број на заразени особено со масовните групирања. Потенцираше дека во следните денови е можна ваква ситуација и смета дека утре по дебата ќе има избалансиран пристап за да се пречи поголема зараза.

-Точно се знае од каде потекнуваат заразените. 4 мај беше прославата, денеска е 20 мај и сега немаме посочено кој е одговорен за неносењето опрема, непочитување на прописите, постапки за учесниците, за литијата во Струга, кај црквата Свети Спас, нема никаква информација дали има преземно постапки кој е виновен за тоа, рече Манчевски.

 Во однос за лидерските средби, Манчевски вели дека во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат роковите за предизборните активности.

-Сметам дека најдобро би било кога и да има избори, одлуката да се донесе со консензус, мора да има повеќе обиди во наредниот период за да дојдеме до нешто со кое сите ќе се согласиме. Има различни ставови, но убеден сум дека ќе се најде компромис, зошто преголем е ризикот ако изборите ги оставиме за наесен поради опасност од нов бран, рече Манчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега