Димитриеска-Кочоска: Не потпишувам без да знам како ќе се трошат парите

Ниту блокирам, ниту ќе вршам опструкции, но немам намера да потпишувам бланко документи, кажа за Сител заменик министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска на изјавата на министерот Филипче дека ги кочи средствата од Светска банка во вредност од 90 милиони евра  кои биле неопходни за опремување на клиниките.  Вели дека ќе стави потпис откако ќе ги добие пресметките за тоа каде ќе бидат потрошени  парите.

Таа го повика министерот Филипче јавно да ги објави преписките.

Инаку министерот за здравство Филипче обвини дека заменик министерката за финансии Димитриевска Кочовска околу еден месец го кочи проектот за справување со корона вирусот односно за опремување на сите инфективни одделенија во државава со кревети, машини за сликање лабораториски капацитети. Тврди дека Кочовска неколку пати испратила барање до Министертвото за здравство за објаснување за што ќе бидат искористени средствата и исто толку пати и било одговорено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега